Владејачката СДСМ во рамки на своето соопштение денес посочува дека ВМРО ДПМНЕ пласира постојани лаги и дека нивниот лидер, Христијан Мицкоски се обидува на секој начин да го деградира здравствениот систем.
„Преку пласирање невистини и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири, свесно и намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини.
Преку измислени конструкции Мицкоски се обидува да го деградира здравствениот систем.
Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.
Во процесот на набавка вакцините се е законски и регуларно.
Првите вакцини веќе се пристигнати, тече вакцинацијата на здравствените работници а се очекуваат и поголемите количини.
Сметаме дека позадината на оваа нервоза во белиот дворец и параноично штанцање невистини се должи на три причини: серијата порази од граѓаните, внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ и правдата која е веќе тука.
Главен протагонист на овие лажни вести за вакцините, покрај Мицкоски е и неговиот Антонио Милошоски, човек осуден и казнет во Германија за кривични дела.
Тоа е истиот Милошоски, демантиран од странски амбасади, познат по ширење лажни вести и манипулации, политичар против кого се води судска постапка и пред македонските судови.
Ете тој се обидува да го поткопува здравствниот систем и шири лаги за вацините.
Почитувани граѓани,
Во текот на целата пандемија, од ВМРО-ДПМНЕ слушаме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем.
Нивните лаги, нивните деструктивни политики се провидни и беа казнети на изборите, ќе бидат казнети и повторно“, се вели во соопштението на СДСМ.