СДСМ: Со лустери и плочки од 100.000 евра во Белиот дворец ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за животниот стандард

од Берта Китинска
192 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е синоним за криминал и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа на грбот на граѓаните, нема никаков кредибилитет да зборува за животниот стандард, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека од скромната жолта куќа направена е бела палата, во која има кинески лустери од 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра.

-Лагите и манипулациите што ги пласира оваа партија изминатите денови е очаен обид за свртување на вниманието од случајот Талир-2 и барањето за одземање на нивната Бела палата во која за една вазна платиле 180 000 евра.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во време на криза не одвоија ниту еден денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.Одамна на граѓаните им е јасно дека оваа партија не може да понуди ништо освен криминал и расипништво, посочуваат од владејачката партија.