Неофицијално според првични податоци од кои преброени се околу 50 отсто гласови партискиот штаб на СДСМ најавува победа во Битола, Крушево, Карпош, Центар, Градско, Василево, Пехчево и Берово, и општина Аеродром .

Засега тесно е во Кавадарци и Штип, брифираат партиски извори за медиумите, иако некои објавија дека во Штип води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.
Напоменуваме дека ова се неофицијални информации од штабот на СДСМ во однос на 50 проценти преброени гласови.