Информацијата ја објави ТВ24, повикувајќи се на висок партиски извор.
Според истите наводи, одлуката за ваквото кадровско решение ја донел лидерот на СДСМ, Венко Филипче, а предлогот веќе е доставен до Собранието на разгледување.
Овој развој следува по седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, одржана на 12 јануари, на која беше утврдена листата на кандидати за новиот состав на ДИК. Според официјалните податоци, пријавени се вкупно 16 кандидати, седум од нив конкурираат за функцијата претседател, а дел истовремено се пријавиле и за потпретседател или член.
Во објавената листа, Маричиќ е наведен како кандидат за претседател или член на Комисијата, додека Кондарко, кој ја предводи институцијата во актуелниот состав, аплицирал исклучиво за член.
Собраниската комисија најави дека комплетната листа ќе биде доставена до претседателот на парламентот, по што ќе следуваат натамошните процедури за избор на новото раководство и членови на ДИК.
Доколку предлогот добие потребна политичка поддршка и формална потврда во Собранието, тоа би значело промена на врвот на институцијата задолжена за организација и надзор на изборните процеси, во период кога изборните правила и довербата во институциите повторно се во фокусот на јавноста.