СДСМ со нова пратеничка во Собранието

од Nikola Popovski
698 прегледи

Парламентот попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која доаѓа на позицијата на Мирослав Богдановски од ДОМ, кој си поднесе оставка. Државната изборна комисија (ДИК) веќе го потврдила мандатот на Николова.

Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за во ИЕ 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, која е пратеничка, во изјава за медиумите кажа дека за оставката на Богдановски дознала од собраниските служби. Богдановски претходно најави дека ќе дејствува независно во Собранието.

Богдановски дојде со скафандер во парламентот заедно со пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска, за да обезбеди кворум за донесување неколку закони, иако и двајцата беа позитивни на ковид-19.

Слични содржини