Вистината е сосем поинаква од она што се обидува да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ. Миле Миленковски, сега притворен во Србија по потерница од Ерменија, во 2009 година е испратен во Детроит, САД, со решение од Антонијо Милошоски, вели Стефан Васев од СДСМ
Тој објаснува дека по четири месеци, Миленковски повторно со ова решение од Милошоски бил пратен во амбасадата во Вашингтон.
-Во 2011 година исто така со решение на Милошоски е испратен во конзулат во Чикаго, останува до 2014 година, а по само една година, со решение на Никола Попоски е испратен во ОБСЕ во Виена.Дали во време на ВМРО ДПМНЕ имало цела разработена криминална шема, раководено од Мијалков, во која вакви видови услуги се нуделе на црниот пазар?Антонијо Милошоски, кој патем има судска пресуда во Германија, треба да одговори дали помагал во обезбедувањето приватни авиони за оваа криминална шема?Дали тие пари завршувале во белиот дворец?И дали токму Антонијо Милошоски во име на Сашо Мијалков и Груевски, до ден денес одржува блиски контакти со овие и слични структури?, прашува Васев.