СДСМ: Со проневерените пари од „Скопје 2014“ можеле да се направат 33 градинки или 15 училишта

од Nikola Popovski
270 прегледи

Од СДСМ утрово преку соопштение повторно порачаа дека последниот случај Феникс, во којшто се осомничени највисоки поранешни функционери на ДПМНЕ за злоупотреба на 57 милиони евра уште еднаш го потврди криминалот преку проектот „Скопје 2014“.

Според партијата на власт, „Скопје 2014 е најголемата пералница на пари на ДПМНЕ.

-На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите, луѓе од ДПМНЕ се богателе додека народот осиромашувал, велат од партијата, додавајќи дека 33 нови градинки или 15 нови училишта можеле да се направат со проневерените 57 милиони евра.

-Наместо Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи, низ законски постапки, наместо да побара одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Слични содржини