СДСМ: Со законите за Коридорите заштедуваме 150 милиони евра

од Nikola Popovski
198 прегледи

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за Коридорите 8 и 10Д, велат од СДСМ за предлог-измените и дополнувањата на законите што влегоа во собраниска процедура.

Од партијата се децидни дека Коридорите 8 и 10 Д се од национален интерес со што нашата држава конечно ќе стане вистинска балканска крстосница.

-Оттаму, важно е сите пратеници да ги поддржат измените и дополнувањата, тие да бидат донесени побрзо за делниците да бидат изградени побрзо и поевтино, истакнаа од владеачката СДСМ.

Вчера го овласти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски да го потпише анексот на Одлуката на Европската комисија за потпишување на „Договорот на високо ниво меѓу ЕУ и Република Северна Македонија за индикативни карти на трансевропската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“.

Со потпишувањето на овој анекс, Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан во рамките на проширувањето на Трансевропските транспортни мрежи на ЕУ. Ова стана возможно откако ЕУ го прифати барањето на Бугарија, Северна Македонија, Италија и Албанија за влез на Коридорот 8 во мрежата на главните коридори во регионот и во Европа, имајќи ја предвид важноста на поврзувањето со Коридорот 8 за регионот и ЕУ.

Слични содржини