Еден од врвните приоритети на СДСМ во време на глобалната криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.Новиот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра спречи поскапување на храната, велат од СДСМ.
-Со намалување на маржите во комбинација со мерката за намалување на ДДВ на основните прехранбени производи на 0 отсто, цените на основните прехранбени производи остануваат стабилни.Со овие мерки се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот, посочуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека превентивно е забранет и извозот на одредени производи како пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, за да не дојде до поголеми нарушувања на пазарот.
-Со навремени мерки ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна.СДСМ останува посветена на реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економска стабилност, велат од владејачката партија.