СДСМ: Стоилковски да одговори дали Ејупи била вработена во општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
152 прегледи

Во континутитет граѓаните гледаат една висока доза на шовизам манифестирана од Наум Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ, особено насочена кон женскиот пол, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на најголемата опозициска партија.

СДСМ вели дека „Стоилковски лажеше за личноста за која што повторно зборува дека била назначена за конзул, па излезе дека тоа не е точно“.

-Прашањето на кое Стоилковски треба да одговори е дали истата личност подолго време била вработено во општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ? Кои се мотивите за ваков тип на напади од страна на Стоилковски останува граѓаните да оценат, порачаа од „Бихаќка“.

Претходно Стоилковски изјави дека доколку јавното соопштување за вработувањето на Тв презентерката Бесмира Ејупи во МНР е шовинизам, тогаш очекува од премиерот да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции.

Слични содржини