СДСМ: Стоилковски лаже – суши, за работата на „Водовод“ постои ревизија

од Nikola Popovski
245 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да шири лажни вести и невистини во обид да спечали некој политички поен. Вистината е дека ниту еднаш за изминатите четири години директорот на „Водовод“ не користел средства за ресторантски услуги и кафе, за службен телефон и набавка на скапи мобилни телефони, велат од СДСМ како реакција на обвинувањата од најголемата опозициска партија.

Од „Бихаќка“ велат дека за работата на ЈП „Водовод и канализација“ постојат и ревизорски извештаи од страна на надворешни независни ревизорски куќи каде не се констатирани никакви неправилности во финансиското работење.

-Очигледно е дека денешните изнесени лаги на Стоилковски се дел на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие, стои во партиската реакција.

Весковски ги демантираше обвинувањата дека користел пари од претпријатието за пиење кафе и одење во кафеани.

-Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги. Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19.170.983 денари, а во 2021 година се потрошени 2.235.170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП Водовод и канализација – Скопје, вели Весковски.

Слични содржини