СДСМ: Стравот си го прави своето, Мицкоски го прати Стоилковски да попречува изјава за криминал на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
193 прегледи

Голем е стравот кај Христијан Мицкоски од тоа што сиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ излезе на површина преку признанија на поранешни високи партиски функционери, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека лидерто  Мицкоски денеска го испратил Наум Стоилковски за да попречува изјава за криминал на неговата партија.

-ВМРО-ДПМНЕ се уште е режимска партија, но Мицкоски и сите во раководството на партијата треба да знаат дека заврши времето кога на сила ги замолчуваа оние кои ја зборуваат вистината.Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки и да се повлечат од политиката, наместо да се обидуваат да ја попречат вистината, посочуваат од СДСМ.