218
МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога? Јавноста чека одговори по скандалот со тепање полицајци и попречување акција против дрога, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму прашуваат дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?
„Шефот на обезбедувањето на Мицкоски тепал полицаец, инспектор, кој си ја вршел својата работа и спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје. Овој скандал мора целосно да биде расчистен. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност“, се наведува во партиското соопштение.