СДСМ: Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот

од Nikola Popovski
135 прегледи

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и белиот дворец се симбол на криминал, корупција и расипништво. Тоа се покажа и по последниот скандал „Кражба“ во кој нивниот пратеник Антонијо Милошоски, според јавно достапни документи, бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија“, велат од владеачката СДСМ.

Според нив, наместо осуда и барање за оставка, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застана зад Милошоски.

„Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот.

Граѓаните не заслужуваат во Собранието да ги претставува пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама.

Особено што против Милошоски и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Милошоски за скандалот „Кражба“ и за срамниот однос кон граѓаните и државата треба да се извини и да поднесе оставка.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да успеат да ги спасат криминалците во своите редови, правда и одговорност ќе има“, стои во партиското соопштение на СДСМ.