СДСМ: Трајановски фушерски изведувал проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот

од Берта Китинска
173 прегледи

Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Последниот пример со кој одновно исплива на виделина нивната неспособност е потпорниот ѕид кој се урна во населба Пинтија, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека над 600 милиони евра се потрошени за споменици кои се фушерски.

-Додека потрошија над 600 милиони евра за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот.Показател за тоа е и потпорниот ѕид кој се урна завчера и чиста среќа е што нема човечки жртви.Одговорност мора да има за овој пропуст и од изведувачот и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, велат од владејачката партија.