СДСМ треба да смени што повеќе министри, вели Арсовски

од Nikola Popovski
486 прегледи

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека нема да остане исто во министерските функции во Владата.

-Имам впечаток дека од 10 министри на СДСМ, ќе останат 3 или 4. Шекеринска си заминува, Царовска си заминува. Не знам кој останува. За СДСМ има политичка логика да направи што повеќе промени, вели Арсовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, треба да се направат промени кај најболните точки, а каде што се најдобрите кадри.

-Ако Заев вели дека изборните резултати се причина за неговото заминување, истата логика треба да важи и кај министрите. Овој бренд на СДСМ е оштетен, потенцира Арсовски и додава дека останува на мислењето дека премиерот не требал да поднесе оставка.

Слични содржини