Од денеска започнува примената на законот за зголемена минимална плата од 18.000 денари, трудот на работниците го вреднуваме, минималната плата продолжува да расте.Мартовската плата за 80.000 наши сограѓани ќе изнесува најмалку 18.000 денари, или во просек 45 евра повеќе приход за секој работник во време на енергетска криза, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека со ова зголемување, за само четири и пол години минималната плата се зголемила од 8.800 на 18.000 денари.
– Со оваа решение им излегуваме в пресрет на граѓаните и стопанството, бидејќи е важно да имаме задоволни работници, но и силно стопанство кое придонесува за поголем економски раст.Овој закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи се воведе нов критериум за пресметување на минималната плата која не смее да биде пониска од 57% од просечната плата, а усогласувањето започна да важи со мартовската плата, велат од владејачката партија.