СДСМ: Цели десет години Арсовска има резервна татковина

од Nikola Popovski
280 прегледи

Јавно објавен документ, односно „Удостоверение“ од бугарско министерство за правда, потврдува  дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 на Арсовска и дал бугарско државјанство. Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина, повторно информираат утрово од владеачката СДСМ.

Според нив, ова е класично потценување и навреда на скопјани од страна на Арсовска кадарот на Груевски и конзул на Унгарија.

-Во Скопје не минуваат странски инсталации кои работат на штета на државните интереси и интересите на граѓаните.

Во недела граѓаните силно ќе го поразат овој обид за нивно потценување, ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и ќе се обединат за да продолжи развојот на Скопје со Петре Шилегов, стои во соопштението на СДСМ.

Во синоќешното гостување на емисијата „24 анализа“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје категорично демантираше за постоење на бугарско државјанство.

-Јас немам ниту една дамка. Се до сега што кажаа од почеток до крај во оваа кампања граѓаните треба да знаат дека се е лага, рече Арсовска.