Благодарение на брзата реакција на Владата предводена од СДСМ и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија спречено е драстично зголемување на цената на струјата и спречен е ценовен шок за граѓаните. Евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции ќе нема, соопштија од СДСМ.
Од таму додаваат дека дополнително, Владата обезбедила 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на потрошувачите на енергија од ранливата категорија за оваа година.
-Овие факти го демантираат Христијан Мицкоски кој ја лажеше и плашеше јавноста цената на струјата ќе биде повисока меѓу 30 и 40 отсто. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат намера да бидат конструктивна опозиција во време на криза, наместо да се грижат за граѓаните, ја користат секоја можна прилика да заработуваат евтини политички поени, стои во партиското соопштение.
Цената на електричната енергија за домаќинствата од вчера е зголемена за 9,48 проценти и е укината дневната евтина тарифа.
Евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат, а според образложението на Регулаторната комисија за енергетика доколку не се укинеше дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе требаше да се зголеми за 14,23 отсто.