339
СДСМ утре на седници на Централниот и на Извршниот комитет, а потоа и на Конгрес на партијата треба да донесе одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а исто така пред делегатите ќе биде презентирана програмата за претстојните избори.
Досега е потврдено дека носител на листа во Првата изборна единица ќе биде претседателот на партијата Димитар Ковачевски, а ко-носител Моника Зајкова од ЛДП, како и дека во една од изборните единици носителка ќе биде потпретседателката на партијата Сања Лукаревска.