Виде народот денеска дека Христијан Мицкоски ја разбира правдата исто како неговиот ментор Никола Груевски.Тој да седи во скапиот бел дворец, со вазни од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра и да кажува на судот како да суди, реагираат од СДСМ.
Оттаму велат дека во судскиот процес Талир 2 се е јасно и дека ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин се стекнала со имот меѓу кој и Белиот дворец и уште 30ина простори низ државата.
-Наместо да бараат изговори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат парите, посочуваат од СДСМ.