СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами против пожарите – цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот

од Nikola Popovski
37 прегледи

СДСМ утринава ја обвини Владата дека повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите. Според партијата, само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, „реалноста им се удри од глава на премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов“.

„Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација.

Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот. Наместо тоа, Владата ниту набави нови возила, ниту ги сервисираше постојните, ниту навреме обезбеди кадар. Наместо модерни возила, сега ги адаптираат старите армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат на тежок терен. Само лани владата набавила возила за функционерите и администрацијата од неколку милиони евра. Наместо да вработат обучени пожарникари со достоинствени плати, дури сега, во средина на летото, нудат сезонска работа за 24.000 денари, импровизација која може да биде и опасна за луѓето“, порачуваат од „Бихаќка“.

СДСМ тврди дека Владата имаше пари за службени возила за администрацијата, за советници со плати од 100.000 денари, ама за противпожарните бригади не.

„Оваа неспособност има цена што сите ја плаќаме, горат шуми, се уништува имот и загрозени се животи. Го прашуваме Мицкоски, кој е крив оваа година за пожарите, повторно ли е СДСМ?“, прашуваат од партијата на Венко Филипче.

Слични содржини