Ниту еден партиски функцинер на ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на почитување на мерките, ниту еднаш не ги повикаа граѓаните да се вакцнираат. Напротив, токму функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ први ги кршеа мерките и ширеа лажни вести околу вакцините, се огласија од владеачката СДСМ, преку соопштение.
Според нив, кампања за информирање и едукација на граѓаните за значењето на вакцинацијата е нужно потребна.
„Тоа е кампања со која се спасуваат животи од коронавирусот, тоа не кампања за перење мозоци и за величање на ликот и делото на бегалецот од правдата Никола Груевски, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ 11 години со милиони евра народни пари.
СДСМ обезбедува контрола врз трошењето на средствата за кампања, а не како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со кампањите од милиони евра да купува и да корумпира медиуми. Токму затоа во нивно време, државата беше последна по медиумските слободи, а денеска е прва во регионот.
Разликата е јасна. За СДСМ и институциите што ги предводи на прво место е интересот на граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ личните и теснопартиските интереси.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнети на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција“, велат од владеачката партија.