СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бел мантил да остават на белиот дворец, за да ги потсетува дека за 11 години ништо не направија за докторите

од Vladimir Zorba
229 прегледи

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели. Белиот мантил денеска е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања“, се вели во реакцијата на партијата на власт на прес-конференцијата на Марија Андоновска.

„Бел мантил нека остават на белиот дворец, за да ги потсетува дека за 11 години ништо не направија за докторите. Напротив, системски се уништуваше јавното здравство и се погазуваа правата на пациентите.

Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.

Огромна е разликата меѓу очајното, некфорилски настроено ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на СДСМ.

За само три години Владата предводена од СДСМ основната плата на лекарите специјалисти ја покачи за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, а за 5% на здравствените соработници и на помошно-техничкиот персонал.

Ова беше незамисливо за време на владеењето на криминалната и режимска ВМРО-ДПМНЕ. Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго таму и ќе останат“, велат од СДСМ.