ВМРО-ДПМНЕ пироманска да ја праша градоначалничката на Скопје и нејзиниот директор на ЈП Улици и патишта зошто се запали објектот на оваа институција, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според владеачката партија, градоначалничката Арсовска треба да одговори зошто го поништи јавниот оглас за вработување на 20 нови пожарникари во скопската противпожарна бригада.
-Хировите и каприците на Арсовска ја загрозуваат безбедноста на градот Скопје и граѓаните. Неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се потврдува на дело. По само 50 дена градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во хаос, се раскинуваат договори за готови проекти, горат објекти на јавни институции, стои во партиското соопштение.
За Стоилковски, пожарот во бараките на ЈП „Улици и патишта“, кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие, е четврти пожар по ред во државна институција.
-Уште е нејасно што сѐ изгорело, кога и како избувнал пожарот и која е причината за тоа. Дали станува збор за намерно подметнување пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку е така, каков криминал се штити? Пожарот во ЈП ‘Улици и патишта’ доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за животна средина, Министерството за правда, изјави портпаролот на најголемата опозициска партија.