ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните, не се грижи за нивните интереси и благосостојба и единствено што сака е со политички манипулации да заработи ситни партиски поени,вели Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.
Таа вели дека цела година пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираат донесувањето на предлог Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и со тоа директно го оневозможуваат покачувањето на нивните плати и трансформацијата на работниот однос на над 4.700 наставници и стручни работници.
-За жал, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување и над 4.700 наставници и стручни соработници кои со години посветено работат на образованието и воспитувањето на нашите деца ги етикетираше како партиски послушници.Ова е уште еден доказ за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија ниту мисли на граѓаните, ниту сака тие да имаат повисоки плати, ниту се грижи за нивниот животен стандард, а најмалку пак се грижи за квалитетно образование на децата, вели Лазаревска.