Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје, За првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз и тоа поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија утрово од СДСМ.
Од владеачката партија посочуваат дека „додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше“.
-Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се најнеуспешните градоначалници, немаат проекти, немаарт решенија, знаат само да ги партизираат општините и парите на граѓаните да ги трошат на луксуз, соопштија од СДСМ.
Утрово не сообраќаат дел од автобуските линии под надлежност на „Слобода превоз“ поради долг од Град Скопје. Претходно штрајкуваше и ЈСП Скопје.