СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го штити обезбедувачот пиштолџија на Африм Гаши

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Според информациите кои ги има СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се обидува по секоја цена да го заштити членот на обезбедувањето на Гаши кој предизивика инцидент на аеродромот при посетата на косовската Претседателка, Вјоса Османи, соопштија од СДСМ.

„Согласно информациите кои ги имаме во детали, членот на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил своите овласувања за што треба да биде прво итно суспендиран, а понатаму и кривично гонет.

Фактите околу неговата улога во инцидентот во детали ги има МВР и внатрешна контрола и тие недвосмислено упатуваат на суспенција и судска постапка против него. Сега прашањето е зошто чекаат да го суспендираат, а понатаму и процесираат? Дали повторно ВМРО-ДПМНЕ коленичи пред коалицискиот партнер и се обидува да ги заштити?

Мицкоски имаше полна уста навреди како СДСМ биле потчинети во Владата, а неговата партија буквално замижува пред неколку сериозно испади и инциденти на коалицискиот партнер.

Ги повикуваме Тошковски и Мицкоски да се одважат и во следните 24 часа да постапат согласно наодите во спротивно во целост ќе го објавиме случајот. Повеќе од јасно е дека се обидуваат да ги скријат фактите и да го заштитат обезбедувачот на Гаши, ова е недозволиво и спротивно на сите ветувања на Мицкоски во предизборието во кои ветуваше неселективно спроведување на законите“, истакнуваат оттаму.

Слични содржини