СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ градеше скапи споменици и фасади за „барокно Скопје“, наместо булевари и улици

од Nikola Popovski
230 прегледи

Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра за „барокно Скопје“, а не на инфраструктурни проекти. ВМРО-ДПМНЕ не градеше подземни сообраќајници и булевари, зашто приоритет им беше „Панорамското тркало“ и „Панорамската кула на Водно“, велат од СДСМ-Скопје преку соопштение.

Според нив, граѓаните многу добро знаат кои се проектите на Коце Трајановски – барокните фасади, партискиот плоштад пред „Белата палата“, испустените градски плажи, исушените палми…

-Да, и криминалната фонтана на заменикот на Данела Арсовска – Сеад Кочан, фонтана од 2.5 милиони евра во која пропаѓаат возила.

Граѓаните препознаваат дека град Скопје се движи во вистинска насока, дека Шилегов ги решава децениските инфраструктурни проблеми и дека го спојува и поврзува Скопје како град за сите.  Граѓаните препознават дека дека скопскиот воздух е многу почист, а градот многу позелен, откако на урбаната мафија од ВМРО-ДПМНЕ и беше одземена можноста да го масакрира зеленилото во Скопје.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат ниту во Скопје ниту во Општина Центар, каде што ги извршија најголемите урбанистички злодела, а „независната“ кандидатка со кампања финансирана од криминалната „Бела палата“ ќе доживее убедлив пораз на изборите на 17 октомври, стои во соопштението.