СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го поддржат пописот, тоа е најважна државничка работа

од Nikola Popovski
128 прегледи

„Во Република Северна Македонија по речиси 19 години се спроведува најмасовната и најсложена операција согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации. Државата конечно ќе добие релевантни и сеопфатни податоци кои ќе го олеснат креирањето на корисни политики за економски, социјален и образовен развој на државата. Пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот“, стои во денешното утринско соопштение од владеачката СДСМ.

Според нив, со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки.

„Истовремено, непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април. Ги повикуваме сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот. Од друга страна, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни. Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело. Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата“, велат од СДСМ.

Иселениците од Швајцарија засега предничат во однос на самопопишувачите од дијаспората во Германија и Италија, Канада и Австралија.

Државниот завод за статистика и Агенцијата за иселеништво се задоволни од досегашниот одзив и очекуваат зголемување на бројката, како што соопштија директорите на двете институции Апостол Симовски и Слободна Близнаковски. Тие апелираа сите чинители во општеството да се приклучат на повикот кон дијаспората и да ја искористи можноста да се попише во „што поголем број.“

Во соопштение на институциите се наведува дека се тие се во редовна комуникација со дијаспората и дека се достапни за одговори на сите нивни прашања. Двајцата директори укажуваат на важноста од попишувањето на македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство.

„На тој начин тие имаат можност да се впишат во базата на нерезидентно население, а овие податоци на државата и се потребни за соодветно планирање и подобрување на услугите кои дипломатско-конзуларните претставништва ги нудат, како и за подобрување на политиките внатре во државата“, се цели во соопштението.

Слични содржини