СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поддржуваа антиваксерски протести

од Nikola Popovski
227 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа првите што ги прекршија сите мерки за заштита, се потсмеваа на болните од коронавирусот, поддржуваа антиваксерски протести, но затоа ја користат секоја можна прилика да водат црна кампања против министерот за здравство Венко Филипче, да шират невистини за масовноста на имунизацијата и да ја вознемируваат јавноста заради ситни политички поени, велат од СДСМ преку соопштение.

Според нив, неодговорното ВМРО-ДПМНЕ кое, за жал, ниту еднаш не покажа грижа за здравјето на народот е најмалку повикано да зборува за каква било состојба со коронавирусот.

-Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за масовноста на вакцинацијата не може да го оспори фактот дека имунизацијата се спроведува со засилено темпо, а бележиме и значително намалување на бројот на заразени со коронавирусот. Како одговорна власт заедно со надлежните институции континуирано апелираме на вакцинација, бидејќи вакцините се безбедни и се единствениот начин да се победи пандемијата, стои во соопштението на владеачката партија.