СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата свесно и намерно ја кочат работата на Собранието

од Берта Китинска
204 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ за да ја закочи нормалната работа на Собранието, безобѕирно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од коронавирусот и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните, велат од СДСМ.

-Ваквата ситуација ќе беше избегната ако опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ со илјадници нелогични амандмани не ги блокираше измените на Деловникот за работа на Собранието, со кои требаше  да се обезбеди работа од далечина на пратениците, кои се позитивни на ковид или се во изолација.

Но, ВМРО-ДПМНЕ блокира само за да блокира, за што зборува и фактот што најавија дека ќе ја блокираат и денешната најавена седница на чиј дневен ред требаше да бидат и барањата за интерпелација поднесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, како и Информација во врска со актуелните состојби во здравството, исто така поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ кочи закони и преку комисиите каде има свои претседатели а една од нив е Комисијата за финансирање и буџет.

Меѓутоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се потпишуваат за присуство во собранието иако не влегуваат во салата, за да земат дневници, од парите на граѓаните, кои ги избрале да ги застапуваат нивните интереси.

Последиците од опструкциите и блокирањето на работата на Собранието и неусвоените закони, ги чувствуваат граѓаните, кои шест пати на избори ја казнија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски.Реформскиот процес ќе продолжи, но ќе продолжат и поразите на Христијан Мицкоски, соопштија од партијата.

Слични содржини