СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата 100 отсто без енергетска криза

од Vladimir Zorba
193 прегледи

„Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на струјата за домаќинствата имаше највисок раст од 100% иако немаше глобална енергетска криза“, соопштија утрово од СДСМ.

„Стaнува збор за времето кога Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ.

Без трошка срам, иако немаше глобална енергетска криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја покачија цената на струјата за 100%, ја укинаа дневната евтина тарифа а потоа како опозиција се противеа на нејзиното враќање.

Наместо во енергетски капацитети, во обновливи извори на енергија во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа пари за споменици, барок и жални врби. Мицкоски е најнеуспешен директор на ЕСМ

Кога настапи глобалната енергетска криза токму Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ прогнозираа дека струјата кај нас ќе поскапи и до 40 проценти. Ете толку е големо незнаењето на Мицкоски во делот на енергетиката“, додаваат оттаму.