СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ како власт ги угнетуваше земјоделците, а како опозиција ги лаже и манипулира

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски ги лажат и манипулираат земјоделците. Нема никакво кратење на субвенциите со новиот модел на субвенционирање, туку напротив дел од субвенциите за прв пат ќе се исплаќаат авансно, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Новиот модел го поттикнува договорното производство, мотивира и помага при создавање на краен финален производ, а со тоа поголемо домашно производство на храна која ќе биде искористена од домашните преработувачки капацитети. Новиот модел е побрз и поефикасен кој гарантира редовна и навремена исплата на субвенциите, наместо долгови.

Со новиот модел се воведува и поголема контрола врз сивата економија, но и се превенира исплата на субвенции на лажни земјоделци, нешто што беше одлика во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ како ниту една друга влада досега покажува вистинска грижа за земјоделците, мерките и политиките се носат преку комуникација и директна соработка со производителите.

ВМРО-ДПМНЕ како власт ги угнетуваше и потценуваше земјоделците, а како опозиција преку лажни вести ги лаже и манипулира“, наведуваат од СДСМ.

Слични содржини