СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ напразно пласира различни бројки за вредноста на АД Славија

од Vladimir Zorba
277 прегледи

„Целата вина за раскрчмувањето и распродажбата на имотот на АД Славија лежи во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012-2017 година. Факт е дека токму ВМРО-ДПМНЕ во целост ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот“, соопштуваат од Бихаќка.

„ВМРО-ДПМНЕ деновиве упорно се обидува да ја манипулира јавноста за да избегне одговорност и вината да биде префрлена на некој друг.

Но, јасно е дека целосно се загубени во нивниот неуспешен обид, за што говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат.

Прво, според нив, Славија беше вредна 20 милиони евра, па ја намалија проценката на 13, па на 9, а сега е 4 милиони евра.

Во оваа своја произволна математика, заборавија да споменат дека компанијата е потоната во долгови.

Во периодот од 2012 – 2017 ВМРО-ДПМНЕ распродала 70% од имотот на АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати, по неповолни и ниски цени, се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ државата, кои денес се во сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги и манипуции, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решиле проблемот со Славија, туку распродале две третини од нејзиниот имот“, додаваат оттаму.

Слични содржини