СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака функционален и независен судски систем и затоа ја блокира Комисијата

од Nikola Popovski
194 прегледи

СДСМ обвинува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подолг период се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, блокираат закони важни за граѓаните, а блокираат и работа на собраниските комисии.

-Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции. Една од нив, секако е и Уставниот суд, важна, независна инситуција, која со месеци работи во нецелосен состав, истакнува владеачката партија.

Според СДСМ, очигледно ВМРО-ДПМНЕ не сака функционален независен судски систем.

-После пресудите и признанијата во Титаник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу ѝ смета на оваа опозициска партија, стои во партиското соопштение.