СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, освен лажни вести и измислени конструкции

133 прегледи
Владејачката СДСМ, во рамки на денешното соопштение повторно потенцира дека опизициската ВМРО ДПМНЕ сака постојано да го деградира здравствениот систем, додека нервозата во белиот дворец расте поради серијата изборни порази.
„ВМРО-ДПМНЕ со невистини и лажни вести се обидува да деградира здравствениот систем, со измислени конструкции сака да го поткопа процесот за набавка на вакцини, на штета на граѓаните и јавното здравје.
Првите вакцини веќе се пристигнати, вакцинацијата на здравствените работници е во тек, се очекуваат и поголеми количини вакцини.
Во процесот на набавка на вакцини се е законски и регуларно. Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.
Нервозата во белиот дворец расте поради серијата изборни порази, внатрепартискиот судир и правдата која е веќе тука, па ВМРО-ДПМНЕ шири невистини, бидејќи нема што да им понуди на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции, шири дезинформации и продава лажна загриженост за јавното здравје, затоа граѓаните ги казнија на избори, затоа се во опозиција и уште долго ќе останат таму“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини