СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одговорност да побара од Мицкоски кој ги рушеше државните позиции со Бугарија

од Nikola Popovski
137 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ за одговорност треба да погледне во своите редови и да побара одговорност од Христијан Мицкоски. Токму Мицкоски ги рушеше државните позиции со Бугарија, во клучен период од евроинтегративниот процес на државата, му порачаа денеска од СДСМ на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Од партијата уште еднаш појаснуваат дека во период важен за евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваа државните позиции, поддржаа Резолуција со ставови на Бугарија, ширеа лажни вести и деструкции.

-Во решавањето на прашањата со Бугарија, не се отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии. Најмалку што може да направи ВМРО-ДПМНЕ е да им се извини на граѓаните за тешките лаги што ги пласира и да побара одговорност од Мицкоски, соопштија од владеачката СДСМ.

Милошоски денес истакна дека преседан е што македонската влада не сака во собранието да дискутира за судбината на Македонија, што не е консултиран ниту еден од раководството на директоратот за меѓународно право во МНР. Тој повторно побара оставка од премиерот Димитар Ковачевски и министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ.