СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири некрофилска политика и воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните

Во текот на вчерашниот ден, владејачката СДСМ, испрати соопштение до јавноста, во кое, се обвинува Игор Николов, кој целата беседа ја темели врз барањата и задоволувањето на потребите на како што велат, неговиот шеф, Христијан Мицкоски.

Каква заклетва дал Игор Николов Хипокритова или Хипократова? Лицемерот нефорлог кој толку е загрижен за здравјето на граѓаните, троши време на партиски пресови додека негови 22. колеги на Клиниката за нефрологија се ковид позитивни и во изолација.

Со денови нефрологот Николов беседи и повторува едно те исто за да му удоволи на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, а не кажува апсолутно ништо. Вокабуларот на докторот говори за него, а непознавањето на глобалните прилики со вакцинацијата кога излегува од уста на здравствен работник, лекар е застрашувачко. Етиката, моралот и одговорноста што треба да ја има кон пацинетите за Николов не е над партијата, битно му е да биде потапкан по рамо од Мицкоски.

Најверојатно само за Николов важи правилото на Груевски од Будимпешта дека – 100 пати кажана лага станува вистина. Некрофилската политика на ДПМНЕ оди во крајности, со лаги и манипулации па и по цена на здравјето на граѓаните.

Владата и министерот Филипче обезбедуваат вакцини по три механизми, целта е вакцинацијата да има еден континуитет и да не прекине. Николов во слободно време бидејќи очигледно е дека го има на претек нека прочита повеќе стручна литература како оди вакцинацијата во регионот и во светот и каков е притисокот врз прозиводителите на вакцини. Докторот да не се грижи дали ќе биде вакциниран, имунизацијата во државата ќе почне во февруари.

Слични содржини