ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги излаже граѓание, не се зголемуваат цените на Катастар, вака реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Од владеачката партија најостро демантираат дека цените на катастарските услуги се зголемени за сите услуги, а најмалку пак дека се зголемени за пет пати.
ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги манупулира граѓаните – точната математика ја знае секој геодет, вкупниот трошок за еден проект поскапува за точно 0% односно НЕ поскапува. ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да ги излаже граѓаните, особено што на одредени документи цената е намалена за три пати, посочуваат од „Бихаќка“.
Како што е и јавно објавено новиот тарифен модел, поединечните цени на податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем (ГКИС) и надоместокот за запишување во катастарот на недвижности не се енормно зголемени како што се дезинформира јавноста тук се на ниво на реално направени трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи.
-Овој надоместок во претходните тарифници изнесувал од 100 до 300 денари, а сега е пропишан единствен износ во висина од 250 денари кој е и единствен надоместок за одредени производи од ГКИС, појаснуваат од СДСМ.
Митева денеска изјави дека со новиот тарифник на Катастарот услугите за добивање одредени податоци „се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги“.
-Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, односно за повеќе од 100 отсто, или ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари итн, истакна меѓу другото портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.