СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години ги труеше граѓаните со медицинскиот отпад, а денес Мицкоски го брани криминалот на својот шеф Груевски

од Vladimir Zorba
109 прегледи

„Христијан Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф, бегалецот и осуден криминалец Никола Груевски по секоја цена. Скандалот со медицинскиот отпад покажа дека режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за случајот Еко-клуб преку своето влијание во судството“, соопштуваат од СДСМ.

„Oбвинителката во предметот, која два месеца не се изјаснува за истражната постапка, е исто така кадар на ВМРО ДПМНЕ што се потврдува во еден од прислушуваните материјали и разговорот меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.

Тоа се Сваровски кадрите запоседнати во правосудниот систем, кои наместо да спроведуваат ефикасни и брзи истраги, со месеци свесно ја кочат истрагата.

Фирмата „Еко-Клуб“, која го години депонирала нетретиран медицински отпад во Дрисла е сопственост на Сашо Јанакиески, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Никола Груевски.

Нетретиран медицински отпад не смеел да се носи во Дрсила, а тоа повторно го овозможувало ВМРО-ДПМНЕ преку Горан Ангелов, кој беше директор на депонијата, се додека Градот Скопје не успеа да го преземе управувањето со Дрсила“, велат меѓудругото од СДСМ.