СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во ЈСП, диктати давал Илија Димовски

од Nikola Popovski
423 прегледи

Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства да може да им се исплати плата, обвинија утрово од СДСМ за вчерашните случувања.

Според партијата на власт, „советниците на ДПМНЕ, заради хирови на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП“.

-Мораше да биде свикана уште една седница на барање на советниците на СДСМ за да може да продолжи со работа ЈСП а вработените да земат плата. Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ, додека нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира тие не преземаат ништо. На Скопје повторно му се случува катрофа! Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа следува откако ДПМНЕ ќе добие власт, потенцираа од владеачката партија.

Од СДСМ обвинија и дека советниците на ДПМНЕ по групи договарале како да ги изиграат вработените во ЈСП.

-Диктати и насоки давал и Илија Димовски. Идентично како во време на режимот на ДПМНЕ. Од една страна се противат на одлуката да им се доделат субвенции, од друга страна се потсмеваат со тешката состојба на вработените во ЈСП во која токму ДПМНЕ ги стави, велат од „Бихаќка“, прикажувајќи слики од советникот од ВМРО-ДПМНЕ и меѓународен секретар на партијата, Стефан Андоновски фотографиран како на „Вацап“ се договора со тимот на ВМРО-ДПМНЕ.

По двете вонредни седници, советниците во Град Скопје донесоа одлука за исплата на субвенциите за да може вработените во ЈСП да земат плата и да се нормализира јавниот градски превоз. Синдикалците, кои целиот ден го поминаа пред просториите на Град Скопје одлучија автобусите да се вратат на улиците.

Одлуката беше донесена на втората вонредна седница, откако на првата, за само еден глас не помина предлогот на ЈСП да му се дадат субвенции од 11 милиони евра. На маса беше и амандман, да се префрлат само дел од средствата, што наиде на жестока реакција дека со тоа ЈСП повторно ќе се заглави поради изборите. Од друга страна, советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа отчет за работењето на ЈСП, обвинувајќи за неефикасност во менаџирањето со претпријатието.

Слични содржини