СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ троши општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок

од Vladimir Zorba
122 прегледи

„27 април е најцрниот датум во современата македонска историја, настан во реализација на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој низ судска, отворена постапка се изречени ефективни затворски казни за виновниците“, реагираат од СДСМ.

„Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола да им се додели финансиска помош на партиски членови и роднини на осудените лица за 27 април е злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето.

Тоа е истата режимска, насилничка партија, која овој пат заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Додека ги покачува цените на услугите за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ парите од општинската каса ги дели на партиски членови.

За ова ли се задолжувањата на општините кои по налог на шпицниот Мицкоски го спроведуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ?“, прашуваат од Бихаќка.

Слични содржини