СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ велеше дека прифаќаат учество во Влада со единствен услов без ДУИ

од Nikola Popovski

За клучните државни и стратешки прашања, ВМРО-ДПМНЕ немаат став, велат од СДСМ. Понатаму во соопштението од владеачката партија ги набројуваат ставовите на партијата на Христијан Мицкоски.

-ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат но Мицкоски не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ. Немаат став. ДПМНЕ беше против Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ спроведуваше активна блокада на Собранието за време на најголема светска енергетска криза. Немаа став зошто.

ДПМНЕ велеше дека прифаќаат учество во Влада со единствен услов без ДУИ, ете ги седат во Влада со ДУИ.

ДПМНЕ предложи министри за учество во техничката Влада, но пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа во македонското Собрание, немаа став.

ДПМНЕ велеше дека нема да учествува во техничка Влада, ете ги седнаа во Влада со премиер Талат Џафери, се вели во партиското соопштение.

Слични содржини