СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја блокира работата на Собранието

од Берта Китинска
231 прегледи

Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа разрешувањето на член на Комисијата за избори и именувања и не дозволуваа волјата на гласачите да биде пресликана и во работните тела на Собранието, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека во изминатата година и пол ВМРО-ДПМНЕ блокира 30-40 закони кои се од суштинско значење за граѓаните.

-Еден од законите кој ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат е Законот за наставници и стручни соработници, кој предвидува нивниот коефициент на плата да се корегира со пораст на минималната плата, а целата јавноста виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не усвојат овие измени.ВМРО-ДПМНЕ со месеци го блокира Законот за служба на Армијата, односно решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години.ВМРО-ДПМНЕ претходно се противеше на раст на минималната плата, нивните функционери заплашуваа дека ќе колабира домашната економија ако минималната плата се покачи.ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против итересите на граѓаните и интересите на државата како ниедна друга опозиција во светот, посочуваат од владејачката партија.