СДСМ: Во буџетот има слободни 130 милиони евра, следат антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството

од Vladimir Zorba
243 прегледи

„Поради глобалната енергетска криза ширум светот расте цената на струјата. Во Италија цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти“, соопшуваат утрово од Бихаќка.

„Со навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на нашите граѓани со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти. Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја значително придонесе за тоа. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања обезбедени се средства за помош на ранливите семејства. 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари за субвенционирање на сметките за струја“, истакнуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството.

Слични содржини