Се влошува безбедносната состојба во Македонија. Само 2 месеци откако ДПМНЕ и Тошковки ја преземаа одговорноста на улиците владее хаос, велат од СДСМ за раководењето со МВР од страна на техничкиот министер Панче Тошковски. Ваквата реакција следува особено во вчерашното пукање во Арачиново, во кое главна цел беше градоначалникот Ридван Ибраими.
-Во само два месеца, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила и вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица, додаваат од СДСМ.
Според партијата од „Бихаќка“, „ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните“.
Вчера две лица беа сериозно повредени во вооружена престрелка во Арачиново. Маж со автоматско оружје пукал директно кон групата во која бил градоначалникот, додека вршеле увид во градежни работи на главната улица.
Според МВР, токму Ибраими бил цел на нападот, во кој двајца негови соработници биле повредени. Според МВР инцидентот бил пријавен пред 13.30, а мета бил градоначалникот, потврди министерот Тошковски.
По наредба на Обвинителството се прибираат траги по инцидентот и се прават вештачење, издадена е наредба и за добивање на снимките од видеонадзорот на околните објекти.