СДСМ: Во тек е реализацијата на бескаматни кредити со грант компонентата „Ковид 3“

од Берта Китинска
141 прегледи

Во тек е реализацијата на кредитна линија за бескаматни кредити со грант компонентата „Ковид 3“, која се спроведува со финансиската поддршка на Европската Унија, соопштија  од СДСМ.

-Вкупниот буџет за оваа кредитна линија за бескаматни кредити кои се реализираат преку Развојна банка изнесува 31 милион евра.

Оваа мерка се реализира со одлично темпо, досега, одобрени се 2.583 кредитни барања во износ од 29,3 милиони евра, од кои 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 се од занаетчии.

Овие финансиски средства се директна помош во македонската економија во справувањето со последиците од пандемијата и зајакнување на малите и микро компании, занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

СДСМ како одговорна партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството останува посветена на реализација на одговорни економски политики што го помагаат домашното производство и обезбедуваат услови за брз економски раст, соопштија од партијата.

Слични содржини