СДСМ за аферата „Броило“: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува манипулации, го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен

од Nikola Popovski
185 прегледи

Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик, вака гласи одговорот на пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска, коментирајќи ја аферата „Броило“ што денес ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ.

Марковска информира дека уште на ден 28.09.2020 г Димитар Ковачевски во целост го повлекол износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.

-Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот. Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии. Дека станува збор за фабрикувана манипулација на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови, одговори Марковска на новинарско прашање.

Претходно пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков информира дека во аферата „Броило“ се вклучени премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски.

-Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра! Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани. Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите. Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра, обвини Лефков.

Слични содржини