246
„Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра“, соопштија од СДСМ.
„Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник.
Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.
За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.
Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија“, велат, меѓу другото, од Бихаќка.